ВИДЕО: Силна бура во Грција, улиците под вода, издаден црвен аларм

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бурата Адел ја зафати грчката област Атика, носејќи силен дожд и повреден град. Некои делови од регионот беа под вода, а властите издадоа црвен аларм.

Цела Грција ќе биде зафатена од дожд и од бури во текот на денешниот и утрешниот ден, а подобрување на времето се очекува дури од недела.

Најобилни врнежи се предвидуваат во западните и во северните делови од земјата. Бурите може да бидат придружени со град и со многу силни ветришта.

Цивилната заштита е во полна готовност.