Сицилијанската планина Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника меѓу туристите кои бегаа за да си го спасат животот.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија објави:
„Во текот на последните неколку часа, активноста забележана во претходниот извештај објавен во 4:14 часот наутро продолжи со експлозии со зголемен интензитет кои сега се многу силни и речиси континуирани.“
Според податоците од веб-страницата VolcanoDiscovery.com, сеизмичка активност во форма на вулкански потреси била забележана пред ерупцијата.
Потресите започнаа околу 22 часот синоќа, а врвот го достигнаа околу 1 часот по полноќ. Епицентарот бил на висина од околу 2,8 километри под кратерот.
#ITALY: New video shows Mount #Etna erupting. pic.twitter.com/zqZHU4FR03
— GRX (@GlobalReportX) June 2, 2025
