Србија попладнево беше зафатена со силно невреме проследено со обилни врнежи. Како што се гледа н аснимките што се појавија на социјалните мрежи, има многу поплавени улици и застој во сообраќајот во повеќе градови.
Силното невреме и врнежи од град забележани се во Косовска Митровица, како и во Нови Сад и во Зрењанин.
Обилни врнежи од град имаше и на Стара планина, а во селото Дојкинци, силниот град предизвика голема штета на посевите.
