ВИДЕО: Ски Центар Маврово се подготвува со полн капацитет за почетокот на ски сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ски-центарот „Маврово“ интензивно се подготвува за официјалниот почеток на зимската сезона, по обилните врнежи и создадените услови за производство на вештачки снег.

Од центарот информираат дека во изминатите денови се наталожил доволен природен снег, а дополнително се пуштени во работа топовите за вештачки снег. Работните екипи функционираат во три смени со цел да се уредат, безбедат и подготват ски-патеките за посетителите.

Во текот на изминатата ноќ биле активирани сите ратраци и снежни топови на терен, а активностите продолжуваат и денес.

Отворањето на сезоната е закажано за вторник, 13 јануари 2026 година. Од „Маврово“ очекуваат сезона исполнета со добра посетеност, забава и нови искуства за љубителите на зимските спортови.