Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш беа евакуирани сите вработени.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица кои го разгледувале просторот пред канцелариите, а едно од нив оставило куфер.
Полициски екипи ја обезбедуваат околината, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.