На брегот на Мавровското езеро пристигна и полицискиот хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“ подготвен за итна интервенција. Спасувачкиот тим веќе поаѓа со чамец кон двете лица кои се потпираат на својот превртен чамец, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Во меѓувреме, Ангелов вели дека загрозените лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него.
Акцијата е во тек, а службите прават сè за успешно завршување на спасувањето.