Видео средба Димитров-Клус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше видео средба со Мартин Клус, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка.

На состанокот инициран од словачка страна се разговараше за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето. Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде најмногу може да придонесе.

Вицепремиерот Димитров информираше за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласи дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда. Тој додаде дека “Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности.”