Александер Амод Килде е еден од најдобрите скијачи на денешницата, но Норвежанецот нема да го памети со задоволство спуштањето во Вегена, бидејќи имаше страшен пад.
Во еден момент Килд изгуби контрола, по што падна, а заштитната ограда успеа максимално да го ублажи падот.
Тој продолжил да лежи неподвижен на снегот, а медицинската служба веднаш интервенирала да му помогне.
Поради ваквата ситуација трката беше прекината на половина час, додека Килд со хеликоптер беше пренесен во болница.
Тој е шампион на Светскиот куп во 2020 година, а освои и два мали кристални глобуси во спуст и исто толку во супервелеслалом.
