ВИДЕО: Страшна експлозија во Истанбул, 25 лица загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дваесет и пет лица загинаа, а неколку се повредени по пожар во ноќен клуб во Истанбул.

Пожарот избувна за време на реновирање на местото во турскиот град.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

Според „Хуриет“, до бината во дискотеката дошло до експлозија.

Откако итната помош го примила повикот, на местото на несреќата пристигнале пожарникари, медицински екипи и полиција.

Пожарникарите го изгаснале пожарот со помош на 31 возило и 86 лица.