ВИДЕО Страшна несреќа во Формула 1: Болид се преполови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трката во Формула 1 за Големата награда на Монако беше привремено прекината во првиот круг во неделата поради голем инцидент на патеката во кој учествуваа тројца возачи.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер стартуваше од пол-позицијата и успеа да го задржи водството.

Сепак, неговиот тимски колега Карлос Саинз излета од патеката веќе во првиот круг.

Трката беше прекината неколку секунди подоцна кога возачот на Хаас Кевин Магнусен удри во болидот на Ред Бул Серхио Перес. Мексиканецот потоа удри во заштитната шина пред да го закачи Ник Хулкенберг од Хас.

Болидот на Ред Бул е целосно уништен, а Перес е неповреден. Организаторите на трката најавија дека трката ќе продолжи во 15:44 часот по расчистување на патеката.