ВИДЕО Страшна несреќа во Индија: Автобус се запалил после судар, најмалку 25 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 25 лица загинаа, а неколку други се повредени кога автобус се запали утрово по судир со мотоцикл во јужната индиска држава Андра Прадеш, соопштија локалните власти.

Автобусот се запалил на патот во близина на селото Чина Текур во округот Курнол во Андра Прадеш, објави веб-страницата на Индија ТВ.

Според полициското соопштение, автобусот што сообраќал од Хајдерабад до Бенгалуру со 42 патници се запалил веднаш по судирот.

Според извештаите, повеќето патници спиеле во моментот на несреќата. Се стравува дека бројката на загинати би можела да биде поголема.