ВИДЕО Страшна сообраќајка во северна Грција: Три лица загинаа откако возилата се запалиле по сударот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страшна сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција, одзеде три животи, откако се запалиле по судар кој се случил меѓу градовите Ксанти и Комотини.

Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле.

Тројца од четворица патници во автомобил загинаа во пожарот , додека возачот на истото возило беше тешко повреден. 

Возачот на камионот, исто така, е тешко повреден, додека уште четири лица вклучени во несреќата се однесени во болница со полесни повреди. Пожарот се проширил и на подрачјето околу автопатот, на земјоделско земјиште.