ВИДЕО: Судар на возови во Чиле, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа, а девет се повредени кога товарен воз полн со патници директно се судри со друг воз на пробно возење во близина на Сантијаго.

Како што соопшти денеска полицијата, во моментов се истражува причината за несреќата, пренесува АП.

Товарниот воз со осум вагони, кој превезувал 1.346 тони бакар, бил полн со луѓе, додека другиот воз имал 10 работници на пробно возење, соопшти државната железничка компанија.

Надлежните изјавија дека причина за судирот може да биде дефект на сигналниот уред.

„Мораме да идентификуваме кои се причините и да преземеме соодветни мерки“, рече министерот за транспорт Хуан Карлос Муњоз за АП. Властите ги идентификуваа двајцата загинати како членови на екипажот на товарниот воз.