ВИДЕО Тотален хаос: Авион принудно слета на пат со возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот од типот „Хокер Бичкрафт БЕ-36“ од 2010 година, слета околу 12:10 часот на раскрсницата на Браунс Бриџ Роуд и Перл Никс Парквеј откако му откажа моторот кратко по полетувањето од аеродромот „Ли Гилмер Меморијал“, објави „Фокс 5“.

Пилотот Томас Роџерс изјави дека изгубиле напојување во моторот при полетувањето и се обиделе да се вратат на аеродромот, но сфатиле дека нема да успеат, па затоа решиле да извршат итно слетување на патот.

Капетанот на полицијата во Гејнсвил, Кевин Холбрук, изјави дека авионот удрил во три возила.

Две лица од автомобилите се префрлени во болница со полесни повреди, а двајца членови на екипажот исто така завршија со поситни повреди.