Видео: Трик за отсртанување на мрсни дамки од облеката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дамките на облеката честопати ни создаваат проблеми. Особено оние нафтените.

Но, не е невозможно да се справиме со нив. Вие само треба да знаете добар „рецепт“.

Една Тик-Токерка откри како го прави тоа, а сè што и треба за овој нејзин едноставен раствор е сода бикарбона , течен детергент за перење алишта, тоалетна хартија , вода и четка за заби .

Овој метод е исклучително едноставен .

Започнете со отстранување на вишокот масло со тоалетна хартија. Не тријте ја дамката, но не заборавајте да ја допрете.

Кога ќе го отстраните вишокот масло, ставете малку сода бикарбона на дамката и оставете ја да отстои еден час за да го впие маслото.

Потоа, во чаша вода, додадете капаче со течен детергент за перење и добро измешајте.

Земете стара четка за заби и нежно нанесете ја смесата на дамката што содржи сода бикарбона, а потоа ставете ја маичката во машината за перење и вклучете ја за редовно перење.

Кога ќе го извадите од машината, нема да има повеќе дамки .

Погледнете ја постапката и пробајте!

@carolina.mccauley

🛢 How to remove Oil Stains from clothing 👚 #laundrytips #laundrymagic #laundrytok #cleantok #selftaught

♬ Mr. Sandman – The Chordettes