ВИДЕО: Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството во Бургас, започна истрага за три жртви кои загинаа за време на поплавата на 3 октомври. Станува збор за граничен полицаец, багерист и работник кои ги загубиле животите.

Утрово дел од армијата, полициски сили како и други доброволци се упатиле кон местото на настанот, каде што треба да помогнат во расчистувањето на штетите кои настанаа од катастрофалните поплави.

Блиску 110 лица побарале медицинска помош, додека околу 200 се евакуирани од најпогодените места како што се Свети Влас и Елените.