ВИДЕО: Целосно изгоре возило на автопатот Гостивар – Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва на автопатот Гостивар – Тетово се запали возило.

Пожарот веднаш го зафатил целиот автомобил кој изгорел, а на местото на настанот пристигнаа и полицијата и противпожарната бригада кои го локализираа пожарот.

Сообраќајот за момент беше во прекин, односно додека интервенираа пожарникарите. Засега нема информации за повредени лица.