ВИДЕО Уапсен мажот кој се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж со палестинско знаме, кој се качил на кулата Елизабета во Вестминстер, каде што се наоѓа Биг Бен, се симнал откако поминал повеќе од 16 часа на кулата и бил уапсен, објавија денеска британските медиуми.

Полицијата и противпожарните служби биле распоредени на местото во саботата наутро со кран за да му пријдат на човекот и да започнат преговори со него. Тој бил спуштен со кран кога Биг Бен удрил на полноќ, јавува Би-Би-Си.

Човекот, пред да се согласи да го спуштат од работ на кулата, се заканил дека ќе се качи уште повисоко доколку му се приближат.