ВИДЕО: Уапсени осомничените за фрлање на експлозив кон рускиот конзулат во Марсеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца мажи се уапсени под сомнение дека фрлиле експлозивни направи кон рускиот конзулат во францускиот град Марсеј.

Уапсените се осомничени дека во понеделникот фрлиле „три експлозивни направи од домашно производство“ во дворот на рускиот генерален конзулат во Марсеј, пренесува „Паризиен“.

Полицијата констатирала дека се работи за три шишиња од половина литар. Како што е соопштено, детонации одекнале во конзулатот, но немало штета и нема повредени. Обвинителството во Марсеј, според „Паризиен“, соопшти дека синоќа биле уапсени двајца мажи за време на протестите одржани за поддршка на Украина.

Тие се идентификувани врз основа на снимките од безбедносните камери во близина на конзулатот. Јавното обвинителство на Марсеј отвори истрага за инцидентот. Руското Министерство за надворешни работи нападот врз конзулатот го нарече терористички чин.