ВИДЕО: Ученик од Тетово решава рубикова коцка за три минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ученикот Мал Хајрулаи (14) од Тетово за три минути ја реши рубиковата коцка, кое може да се погледне на видео снимката од неговиот брат осум-годишниот Кораб.

Кораб, кој како многумина на негова возраст има ју-тјуб канал под името Најл (Nile) каде презентира како ги поминува некои од видео игрите, но и разни случки од секојдневието. Во една од тие снимки го претставува брат му Кораб кој ја разрешува рубиковата коцка во форматот 3х3 за три минути и осум секунди.

Кораб има 8 години и е трето одделение. Од видето може да се види дека одлично го владее англискиот јазик. Мал е деветто одделение и има 14 години, а тренира кошарака. Двајцата се ученици ОУ Наим Фрашери во Тетово.