ВИДЕО: Ученици и родители на протест пред училиштето „Панајот Гиновски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Глувци се пронајдени во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.

Најголем дел од родителите се загрижени, па затоа излегоа со своите деца на протест. Еден од родителите за ТВ21 изјави дека децата не следат настава веќе 3 дена.

„Децата не следат настава, нормално дека бевме загрижени, бараме да се исчисти и дезинфицира. Доколку се направи дезинфекција, за безбедност на децата бараме да се исчисти училиштето“, порача тој.