ВИДЕО: Угостителите на протест – поставени маси пред Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По три дена протести на крстосницата во Автокоманда, угостителите и индустријата за организирање на свадби, ги преместија протестите пред Владата.

Незадоволни од рестриктивните мерки од Владата, денеска својот револт го искажаа преку поставување на маси и столови токму пред Владата.

Од таму порачаа дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања.