ВИДЕО: Ураганот Хелена ја погоди Флорида, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Хелена ги погоди САД, за кој Си-Ен-Ен рече дека е најсилниот досега што ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.

Хелена синоќа удри на копно во северозападна Флорида како бура од четврта категорија, објави АП.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена стигна на копното синоќа во близина на устието на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот беше 225 километри на час.

Хелена ги поттикна властите да издадат предупредувања за урагани и поплави кои се проширија во северна Џорџија и западна Северна Каролина.