Во данскиот град Блокус е изграден највисокиот замок од песок во светот, кој е висок дури 21 метар.
Со цел да се изгради овој замок, потребни биле 4,8 тони песок и тим од 30 скулптори кои работеле на деталите, објави „ВВС“.
Посетителите можат да го посетат овој град за да го видат замокот, а истиот ќе биде таму до зима.
Замокот оваа година содржи и фигура на вирусот ковид-19, која симболично е поставена на врвот на пирамидата.
Скулптурата, која беше поставена како дел од фестивалот на песочни замоци во Блокус, собори нов светски рекорд, пренесуваат локалните медиуми.
Тимот мајстори кои учествувале во изградбата на замокот биле предводени од холандскиот дизајнер Вилфред Штигер, кој вели дека е за 3,5 метри повисок од претходниот замок.
