Бугарската народна банка (БНБ) презентираше информативни материјали со дизајнот на бугарските евро-монети, кои ќе бидат во оптек на 1 јануари 2026 година.
Оваа иницијатива е дел од поширока кампања на БНБ насочена кон информирање на јавноста и подготовка на граѓаните за воведувањето на еврото, објавува „Новините“.
Објавени се два видео клипа – едниот го прикажува изгледот на монетите, додека другиот дава детални информации за нивниот дизајн, спецификации и симболика.
Евро монетите ќе носат препознатливи бугарски мотиви. На монетата од едно и две евра ќе биде прикажан Свети Јован Рилски. Другите апоелни ќе бидат украсени со „Мадарски коњаник“, кој е релјеф кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара.
