ВИДЕО: Високи бранови усмртија двајца на Тенерифе, 15 лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени, од кои тројца потешко, во серија трагични инциденти предизвикани од силни бранови на островот Тенерифе вчера.

Канарските Острови беа под претходна тревога поради опасни крајбрежни феномени, но очигледно не сите ги сфатија сериозно предупредувањата, пишува Ел Мундо.

Првиот инцидент се случил на плажата Роке де Лас Бодегас во Таганана, во Санта Круз де Тенерифе, кога бран однел шест француски туристи во морето.

Итните служби, вклучувајќи медицински хеликоптер и две екипи на брза помош, веднаш беа испратени на местото на настанот. Хеликоптерот превезе една жена со умерени повреди во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де ла Канделарија“.

Четворица туристи беа исто така хоспитализирани со полесни повреди, додека едно лице беше укажана медицинска помош на местото на настанот.