Според тоа како стојат работите, пред мечевите на Милан најверојатно се почесто ќе се слуша Нада Топџагиќ и познатата песна „Јутро је“.
Целата приказна започнала откако Златан Ибрахимовиќ објавил видео на социјалните мрежи како игра на оваа песна.
Focusing on @B_Fernandes8 🎥#MUFC #UEL pic.twitter.com/2bqPUTHF8Q
— Manchester United (@ManUtd) March 18, 2021
Потоа на неговото гостување на фестивалот Санремо истата песна била пуштена кога тој излегувал на сцената, а синоќа ечеше и на „Сан Сиро“ пред мечот со Манчестер Јунајтед.
Секако оваа песна беше во чест на Ибрахимовиќ, а играчите на јунајтед малку се збунија на загревањето.
Ибра во игра влезе во вториот дел бидејќи се опораува од повредата, но сепак не успеа да го спаси тимот од пораз, бидејќи со голот на Погба Јунајтед славеше и се пласираше во четвртфиналето.
