ВИДЕО: Во Чиле се урна трибина полна со навивачи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неверојатни слики доаѓаат од Чиле каде на отворениот тренинг на Коло-Кола се урна трибината на стадионот „Монументал“ преполн со навивачи. Според медиумите, повеќе од десет лица се повредени, за среќа никој не е во животна опасност, а акцијата за спасување е во тек.

Моменти на хорор доживеаја седум илјади навивачи кои внимателно го следеа отворениот тренинг на Кола-Кола на „Монументал“ во петокот попладне пред големиот натпревар против Универзидад Католика во првенството на Чиле.

Тренингот беше прекинат неочекувано и на најшокантен начин кога дел од трибината не ја издржа тежината на навивачите и пропадна!

Повеќето симпатизери на чилеанскиот клуб успеаја да истрчаат од стадионот, а противпожарните екипи беа ангажирани во спасувањето на повредените. Се стравува дека нивниот број би можел да биде значително поголем.