ВИДЕО: Во тешка сообраќајка со повеќе возила во Уганда загинаа повеќе од 60 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на Уганда, загинаа 63 лица. Трагедијата се случила на автопатот Кампала – Гули, пишува Би-Би-Си.

Несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси се судриле додека се движеле во спротивни насоки, додека се обидувале да избегнат камион и автомобил. Еден од автобусите изгубил контрола, и предизвикал страничен судар кој предизвикал верижна реакција. Во хаосот другите возила ја изгубиле контролата и се превртеле.

Покрај загинатите, повредени се и голем број патници од сите возила. Тие биле однесени во болница. Полицијата почна истрага за утврдување на околностите за несреќата.