ВИДЕО: Водата кај Босфор ја смени бојата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Видео снимките од дрон покажуваат дека сината боја на водата кај Босфор е променета, и истата станува кафена.

Според тамошните медиуми, причината за тоа е вчерашниот пороен дожд во Истанбул.

Бојата на водата се променила откако матните води од реките Ѓокчу и Кучуксу се влеаа во Босфор за време на дождовите.

Големите поплави како последица на обилните дождови во Истанбул предизвикаа штети и доведоа до потешкотии на патиштата и во секојдневниот живот на граѓаните.