ВИДЕО: Возач на камион од Македонија уапсен по сообраќајка во близина на Солун во која загинале татко и син

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Огромна семејна трагедија се случила во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија кога автомобил се судри со камион, при што загинаа татко и неговиот син.

Несреќата се случила после 16 часот. Во автомобилот патувало четиричлено семејство, и под се уште неразјаснети околности се судрил со камион управуван од возач од Македонија.

44-годишниот возач на автомобилот починал на лице место, додека набрзо на повредите им подлегнал и неговиот 13 годишен син, додека 43-годишната сопруга и вториот 9-годишен син биле пренесени во болница.

Возачот на камионот не бил повреден во несреќата. Станува збор за 34-годишен маж со потекло од Македонија.

Според близок роднина на настраданите, семејството било во Солун, ис е враќале кон селото Пела каде што живееле. Кога сфатиле што се случува, сите биле во шок.

Полицијата извршила увид.