Ноќта на 17 април, вулкан неколку пати еруптираше во најоддалечениот регион во Индонезија, принудувајќи да се евакуираат стотици луѓе откако исфрли лава и облак чад на повеќе од еден километар на небото.
Планината Руанг, стратовулкан во провинцијата Северен Сулавеси, еруптираше за прв пат во 21:45 часот на 16 април (13:45 по Гринич) и уште двапати во раните утрински часови во средата, соопштија вулканолошките и геолошките агенции на земјата.
Нема извештаи за загинати или повредени, но повеќе од 800 луѓе се евакуирани од две села на островот Руанг на блискиот остров Тагуландан, јави државната новинска агенција Антара.
Првата ерупција фрли колона од пепел два километри на небото, а втората – 2,5 километри, се вели во соопштението на шефот на геолошката агенција Мохамед Вафид.
Агенцијата за вулканологија соопшти дека вулканската активност во Руанг е зголемена по двата земјотреси во последните недели.
Нивото на тревога за вулканот, чиј врв е 725 метри надморска височина, тогаш беше подигнат од два на три, второ највисоко можно ниво, пред ерупцијата.
Властите, исто така, воведоа карантинска зона од четири километри околу кратерот, кој се наоѓа на повеќе од 100 километри северно од главниот град на провинцијата Манадо.
