ВИДЕО: Заврши средбата Заев – Гаши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево во Клубот на пратеници средба оддржаа премиерот и претседател, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да се размисли и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.

„Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја  информираме јавноста“, рече Заев.

Заев додава дека на средбата им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.