Виенската полиција сослушала српски државјанин кој живее во австриската престолнина, а кој во тој град снимил девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ (2) од околината на Бор.
„Сведокот беше сослушан и обезбедена е снимката што ја направи човекот. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек“, изјавил за австриските медиуми Маркус Дитрих, портпарол на виенската полиција, а пренесува порталот „Клајне цајтунг“.
Тој го потврди објавеното во Србија, дека српски државјанин кој живее во Виена рекол дека во саботата навечер околу 20 часот на трамвајската станица во центарот на Виена видел исчезнато двегодишно девојче во Србија, во придружба на две жени.
„Тој потоа стапил во контакт со српските власти. Тие се обратија до виенската полиција со барање за истрага“, изјави портпаролот на полицијата.
Амбасадата на Србија во Австрија на својот официјален профил „Х“ сподели слика од девојчето и нејзините информации, со повик до сите наши граѓани кои живеат во таа земја веднаш да ја известат Србија или австриската полиција доколку ја видат исчезнатата Данка.
Амбасадата ги навела и телефонските броеви на кои треба да се пријават информации за девојчето.
‼️Амбасада 🇷🇸 моли да уколико на територији 🇦🇹 препознате несталу девојчицу Данку Илић (2) одмах јавите 🇷🇸 или 🇦🇹 полицији или на следеће ☎️ ⬇️
— Serbia in Austria (@SRBinAustria) March 31, 2024
МУП 🇦🇹 133
Амбасада РС у 🇦🇹 +436677704145
МУП 🇷🇸 192
Извор: https://t.co/Jp8yepLLnJ pic.twitter.com/Is2wKbw601
Во Србија шести ден продолжува потрагата по Данкa Илиќ (2) кој исчезна во населбата Бањско Поље во околината на Бор. Досега неколку пати биле сослушани таткото и мајката на детето, а телефонот на мајката е земен на вештачење.
