Викендов бесплатно користење на шестоседот на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре повторно во функција ќе биде ставен шестоседот, кој граѓаните бесплатно ќе можат  да го користат во двата дена од претстојниот викенд, информираат од скијачко туристичкиот центар Попова Шапка.

-Туристичкиот центар „Попова Шапка” од утре, 17 јули ќе нуди бројни содржини за уживање на отворено за време на летниот период. Овој викенд, искористете ги бесплатните денови за посетителите и добијте бесплатен билет за шестоседот „Лајтнер” за планинарење и планински велосипедизам, прецизираат од ски центарот.

Според најавите, секој викенд, шестоседот ќе работи во периодот од 9:00 до 15:00 часот.