Како што најави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „КликПлус“ на ТВ21, викендов Комисијата за заразни болести ќе расправа за отворање на границите без тестирање и без задолжителна домашна изолација.
Филипче истакна дека одлуката ќе биде донесена кон почетокот на идната недела.
„Отворањето на границите бара координација со соседите. Ние викендов ќе ја разговараме таа тема, и на почетокот на идната недела ќе донесеме одлука“, рече Филипче за ТВ21.
