Виљареал против Манчестер Јунајтед во финалето во Лигата на Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Виљареал и Манчестер Јунајтед ќе се судрат во финалето во Лигата на Европа, откако двата тима обезбедија пласман вечерва во дуелите со Арсенал, односно Рома.

Со тоа Виљареал ја спаси честа на останатиот дел од Европа, и не дозволи и во ова натпреварување англиско финале, како што е тоа случај со ЛШ.

Виљареал имаше предност од 2:1 по првиот меч против Арсенал, и вечерва во Лондон одолеа, се одбрани играјќи 0:0, и се пласираше во големото финале.

Таму е и Манчестер Јунајтед, кој иако загуби во Рим со 3:2, сепак, благодарение на победата од првиот меч со 6:2, пласманот во финалето не беше доведен доведен во прашање.

Финалниот дуел во ЛЕ се игра на 26. мај во полскиот град Гдањск.