Вино од вселената за 5000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кој има 5.000 евра (или 6.000 долари) при рака, и доволно години да консумира алкохол, има можност да проба навистина уникатно вино.

Тоа е вино кое стои бестежински на Меѓународната вселенска станица веќе една година. Се разбира, сè со цел на науката – да се види како недостатокот на воздух и гравитација влијаат на процесот на ферментација на виното.

Експертите кои го пробале ова вино велат дека има некои разлики во вкусот помеѓу „туѓото“ и обичното вино. Она што ги изненади е дека бестежинската состојба го интензивираше вкусот на виното.

Во вселенската станица имало и лоза, која успевала и растела добро, иако немала воздух и сонце.

Доколку научниците утврдат како е тоа можно, во иднина ќе може да се одгледува и бере грозје во вселената, односно да се направи оригинално, космичко вино.