Неколку членови на Движењето Поддршка за онлајн настава дојдоа пред Влада за да ја изразат својата загриженост поради наставата со физичко присуство во време кога вирусот зема замав. Ана Глигорова вели дека со новиот сој на корона вирусот, со оглед на тоа дека е позаразен, се заразуваат по цели семејства, а не се поштедени ниту децата.
Според неа до сега во училиштата не се почитувале воведените протоколи од МОН во координација со МЗ.
Оваа иницијатива според нив има голема поддршка од родителите. Во Фејсбук групата има околу 15 илјади членови кои бараат онлајн настава.
