Високи температури во Европа од април до јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во големи делови од Европа од април до јуни се очекуваат повисоки температури на воздухот од вообичаените за тоа време од годината, соопшти денеска копманијата Ведер, која е во сопственост на ИБМ.

Според прогнозата, април би можел да биде потопол од нормалното во северозападна Европа, но и постуден во јужниот дел на континентот.

Додека летните месеци, според климатските трендови и модели сугерираат студено, влажно и ветровите лето во северниот и западниот дел на Европа, а жешко и суво лето во југоисточниот дел.

Компанијата Ведер најави дека новата прогноза за летото ќе ја објави на 15 април.