Високи цени на кичевскиот пазар – граѓаните се жалат пред празникот Курбан Бајрам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На кичевскиот пазар, граѓаните излегоа да се снабдат за потребните намирници за празнична трпеза за Курбан Бајрам. Со кеси во рацете, им пристапуваат на продавачите, прашуваат за цените, но голем дел од нив заминуваат без да купат ништо. ТВ21 разговараше со дел од граѓаните, да видиме како се подготвуваат за празникот, особено во време кога цените постојано растат. За месото, но и курбаните, граѓаните велат цените се превисоки и не се достапни за секого.

АНКЕТА СО ГРАЃАНИ:

„Над 1000 денари и ништо. И погоре оди цената. Купив курбан, 200 евра.“

„Гледам луѓето немаат пари. Цените ги држат високи и не можеме да постигнеме. Како да јадеме месо, да си гриземе од нашето тело“.

„Јас за себе само можам да постигнам ако си со фамилија, не стигнува“.

„Умре тоа време. Сега е многу скапо. Со 100 евра можеше да се живее, сега е многу тешко“.

„Ако работиш евтино е, ако не работиш цените се скапи“.

Граѓаните велат дека цените на месото почнуваат од 800 денари нагоре, а поскапени се и курбаните. Празникот Курбан Бајрам оваа година е на 6 јуни, во петок.