Високите температури не се лек за ковид-19 – Олумчев: Да се направи скрининг бројот би бил 10 пати поголем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неосновани се тврдењата дека со доаѓањето на летниот период и високите температури вирусот ќе замине сам. Притоа со олабувањето на мерките, почна и константното зголемување на бројот на новозаразени од Ковид-19. Епидемиолозите сметаат дека наглото ширење на вирусот е последица на ниската свест и неверувањето од постоење на вирусот. Надлежните, апелираат на подигање на свеста кај населението, меѓутоа без преголеми рестриктивни мерки кои може да донесат само лоши резултати.

„Високите температури го уништуваат вирусот, но не овие кои ние ги имаме. Вирусот се уништува на температура повисока од 75 степени. Значи температура од 30 или 40 степене целзиусови нема никаква шанса да го уништи тој вирус. Тоа треба да им се предочи на граѓаните и дека тој живее во нашите тела  на 37 степени, така што на надворешна температура  од 37 степени на него ќе му биде удобно и нема да може да биде уништен. Сметам дека ние сеуште немаме доволно самосвест, или пак луѓето не веруваат во постоењето на вирусот и не веруваат во последиците. Луѓето требаше да сфатат дека ова е многу серизна болест кој е непознат за нас“, посочи Сашко Олумчев.

Првично вирусот кога се појави се ширеше кај постарите поради послбиот имунитет. Сега се шири и кај младите поради тоа што не ги почитуваат мерките.

„Не се почитува растојанието, не се почитуваат превентивните мерки, носење на маски, се остваруваат блиски и многубројни контакти, сега доаѓа летниот период, настанува миграција од град во град помеѓу мадите. Ќе почнат луѓето да патуваат, ќе се отворат најверојатно и границите, така да ќе настане мешање на населението и ќе има поголем трансвер на вирусот и повеќе заразени. Затоа што рековме, асимтопатски се, луѓето не го сфаѓаат сериозно и потоа со скриминзи и тестирања, се гледа дека имаме голем број на заразени. Кога сега би направиле еден скриминг на целата популација, веројатно бројката би била десет пати поголема“, додаде Олумчев.

Доктор Олумчев смета дека вирусот се уште не мутира во поинаква форма, бидејќи како што вели, триесет проценти од заболените се асимптоматски, а штом се асимптоматски, не развиваат никаква клиничка слика, а таквите не создаваат никаков имунитет. За некој вирус да мутира, мора некој да му се спротистави, односно имуниот систем да влијае врз него па тој во самоодбрана да мутира.

Во меѓувреме, се повеќе расте бројот на заболени од коронавирусот и во регионот, а повеќе балкански држави бележат рекорди на новозаразени и  починати . Вратени се вонредните мерки во Белград и во пет други градови. Бројот на заразени расте и во Бугарија и Хрватска. Поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора. Рекорден број заразени бележи и БиХ која од почетокот на епидемијата, има близу 300 заразени лица само во еден ден. Инаку, бројот на заболени од новиот коронавирус на светско ниво ја надмина бројката од 11 милиони луѓе, а од него од почетокот на пандемијата досега починаа повеќе од половина милион .