Владата бара модел низ партнерство за кампањи од исклучителен јавен интерес како што се во моментов вакцинацијата и пописот, а да не се прекрши членот 102 од Законот за АВМУ, кој забранува владино рекламирање
Националниот координатор Марјан Забрчанец во изјава за „Независен весник“, вели дека предлогот до Владата е доставен, а тој е да биде созададено независно тело составено од кредибилни лица од медиумскиот и од граѓанскиот сектор, за да прави проценка за секој предлог за реализација на кампањи од јавен интерес.
„Владата во овој период разменува мислења и прави консултации со што е можно повеќе чинители во врска со потребата од едукативни и информативни кампањи од исклучителен јавен интерес“, вели Забрчанец, пренесува „Независен весник“, и додава дека предлозите до Собранието би биле конципирани врз основа на мислењата на стручни и граѓански тела кои се занимаваат со оваа проблематика.
Поради лошите искуства од минатото, и ЗНМ и Советот за етика и новинарскиот синдикат, се многу претпазливи околу владините реклами, за да не се претвори во влијание на уредувачка политика.
Здружението на националните телевизии (ММА) неодамна јасно ја поддржа Владата во идејата за државни реклами во приватните медиуми и измена на познатиот член 102, кој забранува владино рекламирање
Забрчанец ги наведува точките кои што можат да бидат дел од овие јавни кампањи како што се заштита од пандемијата на Ковид-19 и вакцинацијата, пописот на населението, борбата со корупцијата, медиумската писменост, справувањето со дезинформациите и други слични теми.
