Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 до 05 часот наутро на територијата на целата земја.

Министерот Венко Филипче по вчерашната средба со Комисијата образложи дека овој предлог е поради тоа што изминатите недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Комисијата дополнително ќе се изјасни во врска со тоа од кога точно ќе почне да се применува полицискиот час.