Владата единствен корисник на услуги од „Интерхолдинг ДОО“ која е формирана еден месец пред првата уплата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

БИРН пронајде дека во седум наврати во 2021 година од сметката на Владата на хрватската фирма „Интерхолдинг ДОО“ биле исплатени вкупно 57.932.100 денари, или нешто над 940 илјади евра.

Највисоката сума што ја исплатила Владата била во декември лани, 278.653 евра.

Според достапните податоци, Владата, всушност е единствената институција што нарачала услуги од оваа фирма.

Таа е основана во април 2021 година, односно еден месец пред првата уплата во мај 2021 година, нешто над 140 илјади евра.

Дејноста со која е основана фирмата во Централниот регистар е консултатска односно, „советување во врска со работењето и останато управување“.

Читај повеќе на ПРИЗМА