Владата пред неколку дена го објави списокот на нови в.д директори на затворите, а меѓу нив се најде и името на Ибраим Елези. Тој беше предложен од коалицискиот партнер ВЛЕН за в.д директор на отвореното одделение во Велес.
Ова предизвика реакции во медиумите, бидејќи Елези, и самиот беше осуден на 4 години затвор поради продажба на наркотици.
Ова е одлуката на Апелациониот суд со која се поништува неговата жалба со што пресудата на Кривчниот суд станала правосилна и тој во 2013-та година беше правосилно осуден.
Откако медиумите го објавија неговото име и неговото досие, власта веднаш го повлече од списокот на новиот состав без никакво објаснување или коментар. На веб страницата на Владата неговото име повеќе го нема во предлозите, но го имаше во дописот испратен до медиумите веднаш по завршувањето на владината седница на која тој беше предложен за в.д директор.
Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во емисијата Дејли Клик прашан за оваа одлука на Владата одговори:
Пандов во Дејли Клик зборуваше и за состојбите во затворите во земјава, особено за оној во Шутка. Тој рече дека затворениците таму влегуваат и излегуваат кога сакаат.
Пандов рече дека ги има истите информации за струшкиот затвор, но и затворот во Идризово, додавајќи дека со сите ќе се постапува според законот и ќе има санкции.
