Владата го повлекла Законот за учебници и други наставни материјали во основното и средното образование. Ова го известија од иницијативата „Образовни реформи“, кои велат дека се издвојувана голема победа.
„Денес, 30 Јуни 2021 (Среда), добивме официјално известување од Претседателот на Собранието дека Владата го повлекува Законот за учебници и други наставни материјали во основното и средното образование, а со тоа одржување на референдум не е потребно! Драги сограѓани… Денес е голем ден….Денес покажавме и докажавме дека како граѓани можеме да учествуваме во одлучувањето за важни работи за нас, за нашите деца… и за нашата заедничка иднина…“, се вели во дел од соопштението од Иницијативата.
