„Обвинителствата, одредени судови, одредени министерства, почнувајќи од МВР, Правда, Здравство, други органи и организации кои вршат јавни овластувања, но на прво место секако би ги ставил извршителите.“, вели Народниот правобранител, Насер Зибери.
Овие организации не соработувале и не ги почитувале препораките од народниот правобранител. Вели во интервју за Радио Слободна Европа, омбдусманот Насер Зибери.
„Не сум задоволен од соработката со органите кон кои надлежно постапува Народниот правобранител, Владата, министерствата и други органи, бидејќи проблемот настанува во основата. При разгледување на извештајот на Народниот правобранител во Собранието, Собранието за жал не ги утврдува на време мерките за спроведување на препораките за кои се задолжува Владата да постапува. Соодветно на тоа Владата има одврзани раце односно е неодговорна за постапување по препораките на Народниот правобранител“, вели Зибери.
Но ова не е единствениот проблем. Голем број на жалби од граѓани пристигнале за дискриминација при вработување. Народниот правобранител вели дека не се спречува злоупотребата на инструментот балансер, односно „постигнување на целта за рамномерно вработување согласно уставното начело за адекватна застапеност“.
„Злоупотребите одат во насока, доколку на огласот се бара вработен со етничка припадност Албанец, да се пријавуваат од други етнички заедници, Македонци, Роми инт. Кои се изјаснуваат како Албанци или обратно.“, рече Зибери.
За ова, Антикорупциската комисија (ДКСК) најави претставка до Уставниот суд за проверка на законитоста на балансерот и вработувањето во администрацијата по етнички клуч.
„Последната одлука на Владата, ќе зборувам за нашата институција, ни наметнува обврска да примиме тројца, од кои еден државен Советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во министерство за политички систем, која ќе биде соодветна за ДКСК до толку повеќе што неговата стручна подоготвка е факултет за исламска вероисповед, тоа е оџа. Што бара таква стручна спрема во нашата институција. Ние колку и да нашата систематизација не можеме да предвидиме работно место со таква стручна подготовка.“, изјави Ивановска.
Според ДКСК, иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.
