Тројца вонредни амбасдори беа именувани од Владата, и тоа Драган Ѓурчевски во Хрватска, Димитар Блажевски во Украина и Андријана Цветковиќ која ќе ја извршува улогата амбасадор во Јапонија.
Вчера премиерот Христијан Мицкоски објави дека неговиот советник Игор Николов ќе биде испратен како амбасадор во Франција.
Ѓурчевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт во времето кога со владата раководеше Никола Груевски. Цветковиќ беше прва амбасадорка во Јапонија во 2014 година.
Во исто време од Владата ќе бидат отповикани уште девет амбасадори: Светлана Гелевева од Советот на Европа, потоа Јакуп Реџепи од вонреден амбасадор во БИХ, Џенк Сејфула од Шведска, Агнеса Руси Поповска од Бугарија, Емил Крстевски од Чешка, Пајо Авировиќ од шеф на постојата мисија при меѓународните организации, Зеќир Рамчиловиќ од Црна Гора, Катерина Ставревска од Обединетото Кралство и Методија Белевски од амбасадор на Белгија и вонреден амбасадор за Луксембург како нерезидентен амбасадор.
