Владата одлучи: Рестриктивните мерки продолжени до 27. април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на денешната седница одлучи да ги прифати препораките од кризниот штаб, за продолжување на истите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот до 27. април, пренесува ТВ21.

Тоа значи дека до 27 април ќе имаме полициски час од 20 до 05 часот, а остануваат затворени и рестораните и угостителските објекти.

Од 27 април веројатно ќе се скрати полицискиот час, а можно е да работат само летните тераси на угостителските објекти.